Средба на Н.Е. г-а Ханеда, амбасадор на Јапонија, со Н.Е. г. Жерновски, заменик-министер за надворешни работи

2019/2/13
13 февруари 2019
             Н.Е. г-а Ханеда, амбасадор на Јапонија, оствари средба со Н.Е. г. Жерновски, заменик-министер за надворешни работи. На средбата беше разговарано за понатамошно зајакнување на билатералните односи, имајќи го предвид тоа што двете страни ќе ја одбележат 25-годишнината од воспоставување на односи меѓу двете земји на 1 март 2019.