Јапонската програма за доделување стипендии MEXT за студенти од Република Северна Македонија сега е отворена!

2019/5/2
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за 1) Истражувачка студентска програма и 2) Додипломска студентска програма.

Повеќе информации за тоа како да се пријавите за програмите можете да најдете на англиски и јапонски јазик на следниве линкови:

1) Research students


2) Undergraduate students

Потребните документи можете да ги доставите во Амбасадата на Јапонија во Скопје, до 3 јуни 2019 година (понеделник).

За дополнителни прашања во врска со програмата и повеќе информации за начинот на аплицирање, можете да стапите во контакт со амбасадата на следниот
e-mail info@sk.mofa.go.jp или на телефон (+389-2-3118-063).