Свеченост по повод завршен проект во Прилеп

2019/4/8
 По повод успешно реализираниот проект од „Грант програмата за мали проекти и човекова безбедност (GGP)“ амбасадорката  Ханеда го посети основното училиште „Добре Јованоски“ во Прилеп.
 Преку програмата со 49.456 евра се реновирани прозорите и тоалетите на училиштето и е адаптиран простор за советувалиште на родители и деца.
 Во училиштето амбасадорката  Ханеда заедно со градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски го прославија и Интернационалниот ден на ромите. Во „Добре Јованоски“ од вкупно 1.226 ученици, 976 се роми.
 Пред церемонијата во училиштето, амбасадорката Ханеда го посети кабинетот на градоначалникот каде се дискутираше нашата соработка.