Одбележување на успешно завршен GGP-проект во Здравствен Дом Македонски Брод
На втори септември, Амбасадорката Ханеда учествуваше во одбележување на завршна церемонија на проект во Здравствениот дом Македонски Брод.
Заедно со Градоначалникот г. Силјановски, Амбасадорката Ханеда учествуваше во официјалната церемонија организирана од г. Симески, директорот на Здравствен дом Македонски Брод и заедно посадија цреша во чест на проектот и пријателството помеѓу двете земјли.
Амбасадорката Ханеда исто така го посети кабинетот на Градоначалникот Силјановски каде се дискутираше за идните размени и соработка.
Со овој проект Јапонија помогна да се обноват прозорците, вратите и фасадата на Здравствениот дом Македонски Брод.