Церемонија на примопредавање во Општина Валандово

2020/9/10

 На трети септември, Амбасадорката Ханеда учествуваше во завршна церемонија на проект од „Грант програмата за мали проекти“ (GGP) во Општина Валандово.
 Во рамки на посетата, Амбасадорката Ханеда одржа состанок со Градоначалникот г. Костадинов и директорот на Јавното комунално претпријатие г. Павлов каде се дискутираше за идна соработка.
 Со овој проект, се обезбеди ровокопач за Јавното комунално претпријатие кој е потребен за одржување на безбедноста и хигиената во Општина Валандово.