Oдбележување на успешно завршен GGP-проект во Општина Виница
На 9ти септември, Амбасадорката Ханеда учествуваше во официјална посета на Општина Виница, по повод успешната реализација на проект од грант програмата за мали проекти на Јапонската амбасaда (GGP).
Амбасадорката Ханеда, заедно со Градоначалникот на Виница, г. Димитров, учествуваше во официјалната церемонија организирана од страна на директорот на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“, г. Трајков. Тие разговараа за идната соработка помеѓу Јапонија и Виница, на различни полиња.
Во рамки на овој проект беше дониран мал ровокопач на Јавното комунално претпријатие, кој е потребен за одржување на системот за водовод и канализација.