Одбележување на успешно завршен GGP-проект во Општа болница Кавадарци

2020/9/17

 На 10ти септември, Амбасадорката Ханеда учествуваше во одбележувањето на завршна церемонија на ЈЗУ Општа болница во Кавадарци, по повод успешната реализација на проект од грант програмата за мали проекти на Јапонската амбасада (GGP).
 Амбасадорката Ханеда, заедно со Градоначалникот на Кавадарци, г. Јанчев, учествуваше во официјалната церемонија организирана од страна на директорот на Општата болница, г. Коцев.
 За време на посетата, Амбасадорката Ханеда го посети кабинетот на Градоначалникот Јанчев и тие разговараа како да се зајакнат заедничките релации.