Одбележување на успешно завршен GGP-проект во Клиничка болница Тетово
На 11ти септември, Амбасадорката Ханеда учествуваше во одбележувањето на завршна церемонија на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, по повод успешната реализација на проект од грант програмата за мали проекти (GGP).
Амбасадорката Ханеда учествуваше во официјалната церемонија организирана од страна на директорот на Клиничкиот центар, д-р Бесими.
За време на посетата, Амбасадорката Ханеда одржа состанок и со Градоначалничката на Општина Тетово, г-а Теута Арифи, на кој се согласија дека ќе ја зајакнат соработката.
Во рамки на овој проект беше донирано ново амбулантно возило со што се очекува дека ќе се подобрат здравствените услуги.