Амбасадорката Кеико Ханеда во посета на Министерот за здравство д-р Венко Филипче

2020/9/22

 На 18ти септември, Амбасадорката Ханеда го посети Министерот Филипче и по повод новиот заеднички проект одржаа состанок во Министерството. Се дискутираше и за претходните заеднички и успешни проекти помеѓу Владата на Јапонија и Министерството за здравство. Новиот проект ќе биде грант помош која ќе ги зајакне капацитетите на болниците во Република Северна Македонија.
 Министерот Филипче потенцираше: „Јапонија е наш голем и искрен пријател. Би сакал да ја изразам мојата благодарност за сета поддршка која ја добивме во изминатите години за подобрување на здравствениот сектор. Во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, преку итна неповратна помош, Амбасадата на Јапонија во соработка со УНОПС ни го овозможи и лекот авиган за 100 пациенти кои се борат со КОВИД-19“.