Средба на Амбасадорката Ханеда со Претседателот Пендаровски

2020/9/23

 На 22ри септември, Амбасадорката Ханеда оствари проштален состанок со Н.Е. Д-р Стево Пендаровски. На состанокот се разговараше за пријателските односи помеѓу двете земји кои се во нагорна линија изминативе години и желбата за продлабочување на заедничките интереси.
 Претседателот Пендаровски исто така се заблагодари за континуираната помош која Јапонија ја обезбедува на различни полиња и ја потенцираше поддршката во здравствениот сектор за справувањето со КОВИД-19.