Амбасадорката Ханеда одржа состанок со Министерот за надворешни работи Бујар Османи

2020/9/25
 На 24ти септември, Амбасадорката Ханеда одржа проштален состанок со Н.Е. Бујар Османи. На состанокот Амбасадорката Ханеда му честиташе на Министерот за новата позиција во Министерството за надворешни работи и исто така упати четитки за одлуката на ЕУ да започне пристапни преговори со Северна Македонија. На состанокот потврдија дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на различни полиња.
 Министерот Османи ѝ се заблагодари на Амбасадорката за нејзиниот огромен придонес како прв резидентен Амбасадор во земјата и ѝ додели плакета за одбележување на нејзината работа и личен придонес кон зајакнувањето на врските помеѓу двете земји.