Свеченост по повод доделување на благодарница
2020/9/25
На 24ти септември, Амбасадорката Ханеда му додели благодарница за заслуга и придонес кон унапредувањето на односите помеѓу Јапонија и Северна Македонија на г. Горан Антевски Претседател на АОТС Македонија и ЕФААС – Европската асоцијација на АОТС здруженија.
Во изминатите 10 години, г.Антевски е претседател на АОТС Алумни во Северна Македонија каде активно ја промовира програмата за АОТС обуки во потенцијалните македонски компании. Тој учествуваше во организација на јапонската бизнис мисија во Северна Македонија и во соработката со универзитетот во Скопје за спроведување на бизнис курсеви во 2019 година. Исто така, г. Антевски го применува „каизен“ концептот во својата компанија.
На церемонијата, Амбасадорката Ханеда му се заблагодари на г. Антевски за неговиот голем придонес кон продлабочувањето на взаемното разбирање и пријателство помеѓу Јапонија и Северна Македонија, а тој пак, се заблагодари за укажаната чест.
Церемонијата се одржа во присуство на г. Антевски, неговото семејство и претставници на АОТС.