Амбасадорката Ханеда одржа средба со Претседателот на Собранието Талат Џафери

2020/9/30
 На 29ти септември, Амбасадорката Ханеда одржа проштален состанок со Н.Е. Талат Џафери. На состанокот, Амбасадорката Ханеда и Претседателот на Собраниеto Џафери заклучија дека во изминативе три години Северна Македонија мина низ драматичен прогрес особено со членството во НАТО и одлуката за започнување на пристапни преговори со ЕУ.
 Исто така, се согласија дека одличната соработка ќе продолжи и двете земји ќе ги прошират билатералните односи на различни полиња.